Национална премиер лига 2 на Викторија, 3 коло, Данденонг Сити – Престон Македонија 1:4

Физичка средба со многу искри помеѓу двете екипи во која на крајот “лавовите“ заслужено ги зедоа трите бода. Во првиот дел Данденонг Сити наметна брза игра и веќе во 5 минута преку контроверзна ситуација дојде до водство. Тројца фудбалери на Престон Македонија застанаа и укажуваа дека топката е излезена во гол-аут, но акцијата продолжи и домаќинот преку Б. Плант поведе со 1:0. Следеа неколку опасни акции пред двата гола но до крајот на првото полувреме резултатот остана непроменет.

Во вториот дел Деларно Фаро во 61 минута успеа да постигне гол за изедначување 1:1. Следеше добра игра од двете екипи и борба преку целиот терен, но во 80 минута Ник Диб го најде патот до мрежата на домаќините за водство на Престон од 1:2. Едвај поминаа три минути кога Маркус Димаче зголеми на 1:3. Домаќинот изгледаше целосно изгубен во последните мигови од средбата и Роберт Стамболџиев во 94 минута со еден брз контранапад го постави конечниот резултат од 1:4.

Во недела, на 12 март, Престон Македонија гостува кај Вестерн Јунајтед со почеток во 15 часот.

Останати вести