Национална премиер лига 2 на Викторија, 5 коло, Манингам Јунајтед Блуз – Престон Македонија 2:2

Домаќинот во саботниот натпревар се покажа како тврд орев и можеше лесно резултатот да заврши и во друга насока. После четири минути игра една одземена топка пред на половината на Манингам, со молскавично брз продор до голот на Престон и    Салваторе Акардо ја затресе мрежата за 1:0. Брзината со која ја префрлаа топката од одбрана во напад е можеби најголемата сила на домаќинот. Лавовите полека започнаа да вршат опсада на голот во обид да се постигне изедначување и тоа во 36 минута му успеја на Џејми Форестер. Навистина прекрасен гол после изведувањето на корнер, со уиграна комбинација долета Форестер и од далечина со топовски шут од преку 30 метри ја смести топката во горниот лев агол за 1:1.
Во второто полувреме Манингам повторно изненади во 73 минута преку нововлезениот Емануел Питерс, кој во првиот допир со топката брзопотезно успеја да постигне гол за 2:1. Кога изгледаше дека после сите обиди за изедначување ќе заврши со победа на домаќинот се случи изедначување.    Во 93 минута Конор Бел од слободен удар ја затресе гредата, на одбиената топка се фрли    на земја Брејди Смит, и со глава    ја испрати топката во мрежата    за 2:2.
На крај од средбата без никаква потреба се вжешти атмосферата и за малку беше избегнат инцидент помеѓу фудбалерите. Управата на клубот ќе треба во иднина да внимава да не се случи поради некои примадони клубот да биде казнет за глупости.
Во петок, на 24 март, Престон Лајонс ја пречекуваат елкипата на Мелбурн Сити со почеток во 20:30 часот.

Останати вести