Национална премиер лига 2 на Викторија, 10 коло, Престон Македонија – Норткот Сити 2:1

Продолжува победничкиот од на Престон Македонија која има амбиција да се врати во најелитното друштво. Одлично играа фудбалерите на вечерната средба пред домашната публика и обезбедија 3 бода против жилавиот Норткот Сити. После повеќе возбудувања пред голот на гостите во 39 минута кога Далибор Марковиќ донесе предност од 1:0. Со оваа минимална предност се замина на одмор на полувремето.
Во вториот дел се редеа шанси и во 64 во една брза акција Делано Феро имаше успешна завршница за 2:0. Иако водеа “лавовите“ продолжија да напаѓаат и се редеа шанси пред голот на гостите. Кога изгледаше дека натпреварот ќе заврши со непроменет резултат во 92 минута, Џош Најт на една нафрлена топка во казнениот простор дотрча и со глава ја смести во мрежата на Бричевиќ за конечните 2:1.
Во понеделник, на 1 мај, Престон Лајонс гостуваат кај Булин Лајонс со почеток во 20:15 часот.

ТАБЕЛА

Престон Македонија 21
Вестерн Јунајтед 18
Данденонг Сити 17
Кингстон Сити 17
Паско Вале 17
Лангварин 16
Истерн Лајонс 15
Норткот Сити 13
Манингам Сити 12
Вереби Сити 12
Булин Лајонс 10
Брансвик Сити 8
Мореланд Зебрас 7
Мелбурн Сити 7

Останати вести