Втор пораз на Престон Македонија оваа сезона и по некаква коинциденција двата се случија пред домашната публика. Гостите се покажаа како добар противник и од 62 минута Престон остана со играч помалку кога голманот Баричевиќ доби црвен картон. Истерн Лајонс први дојдоа до водство со прекрасен гол од преку 30 метри, во кој Т. Голдинг со силен шут ја смести топката во горниот десен агол за 0:1. Престон Македонија во 36 минута со доста напор успеа да изедначи со голот на Деларно Фаро за 1:1.
Во второто полувреме, по седум минути игра, голманот Карл Баричевиќ го заработи својот втор жолт картон и автоматски црвен со што го остави тимот со играч помалку. Следеше кобната 79 минута во која беше досуден пенал по кој К. Рамзи го постави конечниот резултат од 1:2 за гостите.
Во сабота, на 13 мај, Престон Лајонс гостуваат кај Брансвик Сити со почеток во 20 часот.
ТАБЕЛА
Престон Македонија 24
Вестерн Јунајтед 21
Истерн Лајонс 21
Данденонг Сити 20
Кингстон Сити 20
Лангварин 19
Манингам Сити 18
Паско Вале 17
Норткот Сити 16
Вереби Сити 15
Брансвик Сити 14
Булин Лајонс 10
Мелбурн Сити 10
Мореланд Зебрас 7