Уште на самиот почеток после една минута игра беше досуден пенал за Престон. Џордан Фигон беше соборен во казнениот простор и судијата покажа на белата точка. Како егзекутор на најстрогата казна се појави Конор Бел, но неговиот удар голманот на Брансвик, Костадиновски, одлично го процени и ја зачува мрежата. До крајот на првото полувреме иако и двете страни имаа шанси остана резултатот без голови.
Во вториот дел фалеше завршницата се до 81 минута, кога од слободен удар нововлезениот Џеси Макарунас направи вистинска магија и ја затресе мрежата. Тоа беше неверојатно прецизен и силен удар од преку 30 метри кој заврши во горниот агол. Следеше уште една акција на домаќинот и само брзата реакција на голманот на Престон ја спаси мрежата.
Веќе немаше што да се тактизира и Престон Македонија си сите сили се обидуваше да израмни но добро бранеше Костадиновски и не дозволи никакво изненадување.
Во петок, на 19 мај, Престон Македонија игра во гости кај Паско Вејл со почеток во 20:15 часот.