На лизгавиот терен на Паско Вејл се играше возбудлив натпревар и вистинско чудо е што не беа постигнати повеќе голови. И двете страни имаа свои шанси но фалеше завршницата и резултатот на крајот од првиот дел беше непопуларен 0:0.
Во вториот дел, во првите петнаесет минути имаше силна опсада на голот на домаќинот и Престон Македонија заслужено успеа да ја затресе мрежата. Тоа беше добро осмислена акција во 53 минута, а стрелец беше Даниел Чампнес на својот деби натпревар за “лавовите“. Ова се покажа доволно за на крајот да се освојат потребните три бода, да му врати на Паско Вејл за поразот на почетокот од сезоната и да се задржи првото место на табелата.
Во петок, на 26 мај, Престон Македонија ја пречекува екипата на Вереби Сити со почеток во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Престон Македонија 27
Вестерн Јунајтед 24
Истерн Лајонс 24
Данденонг Сити 23
Кингстон Сити 23
Норткот Сити 20
Манингам 19
Вереби Сити 19
Лангварин 19
Брансвик Сити 17
Паско Вале 17
Мелбурн Сити 16
Мореланд Зебрас 11
Булин Лајонс 10