Висок и неочекуван пораз на домашен терен од разиграниот тим на Вереби. Во првиот дел иако имаше акции и бучна подршка од трибините “лавовите“ не можеа да ја пробијат одбраната на гостите. Кога се очекуваше дека ќе се замине на одмор без голови во 39 минута беше досуден мек пенал. Сигурен егзекутор на најстрогата казна беше Ларс Кинандер за 0:1.
Во второто полувреме гостите одлично парираа во одбраната, прекинувајќи ги акциите во почетокот и изгледаа посигурни во нападот. Очигледно незадоволен од играта тренерот Луи Ацевски направи тројна измена од тимот и излегоа Чампнес, Диб и Фигон. На нивно место влегоа Баричевиќ, Малиет и Смит.
Едвој поминаа две минути и во 58 минута ненадејно Стиви Лоулес постигна гол за 0:2. Десет минути подоцна вторпат се запиша како стрелец Кинандер за високи 0:3. Во завршницата Престон успеа во 83 минута преку Фаро да го само да го ублажи поразот на 1:3.
Во петок, на 2 јуни, Престон Македонија ја пречекува екипата на Данденонг Сити со почеток во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Вестерн Јунајтед 30
Престон Македонија 27
Кингстон Сити 26
Данденонг Сити 26
Истерн Лајонс 25
Норткот Сити 23
Вереби Сити 22
Лангварин 22
Манингам Јунајтед 20
Мелбурн Сити 19
Брансвик Сити 17
Паско Вале 17
Булин Лајонс 13
Мореланд Зебрас 11