Национална премиер лига 3на Викторија, 10 коло, Џилонг Македонија – Голбурн Вали Санс 2:1

По тешкиот пораз минатата седмица добро дојде оваа победа за враќање на самодовербата во тимот. Гостите на вечерниот натпревар беа жилав противник, што е за очекување кога се игра со екипа на четвртото место од табелата. Бројната публика во првиот дел виде голови и возбудливи акции а резултатот беше нерешен 1:1.
За среќа во второт полувреме беше постигнат вториот гол кој донесе три нови бода за Џилонг Македонија да може да фати приклучок со средината од табелата. Стрелци на головите за Џилонг Македонија беа: Лајонел Масуди и Џеси Барбер.
Во сабота, на 27 мај, Џилонг Македонија гостува кај Беумарис со почеток во 15 часот.

Останати вести