Национална премиер лига 3 на Викторија, 1 коло Баларат Сити – Џилонг Македонија 1:0

Започна новата сезона за Џилонг Македонија која и оваа сезона заедно со Престон Македонија ќе се натпреварува во иста лига. На своето прво гостување во Баларат беше забележан минимален пораз. Решавачки беше моментот кога Мајкл Тригер пред крај на првото полувреме го постигна единствениот гол на средбата.

Во вториот дел остана непроменет резултатот со што домаќинот ги укнижи трите бода од оваа средба.

Џилонг Македонија: МекДауел, Митсуда, Крајачиќ, Браувелер, О`Конел, Мохамед, Доиг, Бутлер, Џонс, Стојановиќ и Трајкоски.

Во сабота, на 26 март, Џилонг Македонија на домашен терен ја пречекува екипата на Норт Саншајн Иглс со почеток во 18 часот.

Останати вести