Национална премиер лига 3 на Викторија, 6 коло, Мелбурн Сити – Џилонг Македонија 5:2

Висока победа на подмладокот на Мелбурн Сити над Џилонг Македонија, со што сега ја прескокна Престон Македонија на челната позиција. Од оваа седмица Вестерн Јунајтед изби на врвот со 13 бодови што е ист број како и Сити, но со послаба гол разлика.

Мелбурн Сити дојде до водство во 17 минута, а пред крај на првиот гол успеа да зголеми на 2:0.

Само што започна вториот дел домаќинот во 53 минута имаше солидно водство од 3:0. Но тука не беше крај на маката на Џилонг Македонија бидејќи Сити дојде до водство од 4:0. Потоа следеше мал пресврт во играта и Џилонг успеа прво да намали на 4:1 од пенал, а малку подоцна благодарение на автоголот на домаќинот успеа да стигне и до 4:2.

Сепак, пред крај на средбата Мелбурн Сити уште еднаш ја затресе мрежата за конечните 5:2.

Во сабота, на 30 април, Џилонг Македонија ја пречекува екипата на Бокс Хил Јунајтед со почеток во 18 часот.

Останати вести