Освоени се значајни три бода пред домашната публика со екипа која котира на средината од табелата. За Џилонг Македонија новите бодови го зголемија салдото на 9 бода и создава мало растојание од последните две екипи Спрингваел Вајт Иглс и Витлси Ренџес.
Само што започна натпреварот капитенот Џонс успеа во 3 минута од игра да ја затресе мрежата за 1:0. Поминаа триесетина минути и една голема грешка на гостинскиот голман и одбраната Каман Мајоум одлично ја искористи за 2:0. Во завршницата од првиот дел гостите успеаја да намалат на конечните 2:1.
Возбудување имаше и во вториот дел посебно во моментот кога МекДауел во 80 минута успешно го одбрани пеналот осигурувајки победа за екипата.
Џилонг Македонија: МекДауел, Браувеилер, Митсуда, Џонс, Мохамед, Стојановиќ, Трајкоски, О`Конел, Мајоум, Илиовски и Талевски.
Во сабота, на 7 мај, Џилонг Македонија гостува кај Спрингваел Вајт Иглс со почеток во 15 часот.