Тежок противник беше младиот тим на Вестерн Јунајтед за Џилонг Македонија минатава сабота и голем успех е што на крајот беше извлечен бод. Во првото полувреме се играше нерешено без голови, но во вториот дел околу 80. минута гостите дојдоа до водство за 0:1. Секогаш најлошо е кога во завршницата ќе се прими гол бидејќи покрај фактот што истекува времето водечкиот тим целосно може да се концентрира на одбраната и да го загрозува голот со брзи контранапади. Кога изгледаше дека надежта за израмнување исчезнува, во 91. минута Јакоб Крајачиќ успеа да постигне гол на радост на домашната публика за 1:1.
Во сабота, на 4 јуни, Џилонг Македонија ја пречекува екипата на Баларат Сити со почеток во 18 часот.