Национална премиер лига 3 на Викторија, 5 коло, Џилонг Македонија – Каролајн Спрингс Џорџ Крос 2:1

Натпревар во кој благодарение на извонредните одбрани на Ники Скотница изваден е поволен резултат и три бода за Џилонг. Гостите на оваа средба дојдоа до водство по само 19 секунди игра, а потоа имаше и одбрана на пенал од Скотница кој не дозволи зголемување на воството.

Во второто полувреме во 65 минута беше соборен Џеси Деверс во казнетиот простор и судијата досуди пенал за Џилонг. Капитенот Ентони Трајкоски беше сигурен егзекутор на на најстрогата казна и израмни на 1:1. Длабоко во судиското продолжение во 94 минута Деверс со убав лоб на голманот на Џорџ Крос го постави конечниот резултат од 2>1.

Во сабота, на 22 април, Џилонг гостува кај Норт Саншајн Иглс со почеток во 15 часот.

Останати вести