Средба на две екипи кои се на самиот врв од лигата и во која за жал славеше Ламбтон Џафас. Почетокот беше надежен за нашата Бродмедоу Маџик и дојде до водство од 2:0 со головите на Велс во 11` и Роуз во 23 минута. Пред крајот на првото полувреме Хеј во 45 минута намали на 2:1.
Во вториот дел клучен беше моментот кога гостите добија пенал од кој преку Петит во 86 минута изендачија на 2:2. А во завршницата, во 90 минута Бонд го постигна победничкиот гол за Ламбтон од 2:3.
Во недела, на 21 април, Бродмедоу Маџик ја пречекува екипата на Маитланд со почеток во 14:30 часот.