Национална прмиер лига 3 на Викторија, 15 коло, Престон Македонија – Довтон 2:0

Вечерниот натпревар минатиов петок привлече солиден број на гледачи на стадионот во Резерво. Во првото полувреме се играше доста летаргично со многу додавања што не беа прицизни но сепак имаше неколку убави шанси за Престон Македонија.  Наеднаш во последните мигови од првото полувреме Конор Бел беше соборен во казнетиот простор од Колби Џонс, голманот на Довтон, и судијата веднаш покажа на белата точка. Како егзекутор на најстрогата казна се појави Крис Давис кој рутинирано го совлада голманот за 1:0.

Во вториот дел слична беше играта со многу губење на топката по средината на теренот и без вистинска завршница пред голот. За вториот гол се чекаше до 87 минута кога нафрлената топка во казнетиот простор Роберт Стамболџиев со глава ја испрати во мрежата за 2:0.

Остануваат уште седум кола до крајот на сезоната а борбата за местата што носат промоција е навистина интересна бидејки разликата помеѓу првите четири екипи е минимална.

Во петок, на 1 јули, Престон Македонија ја пречекува екипата на Нанавадин Сити со почеток во 20:30 часот.

ТАБЕЛА

Мелбурн Сити              32

Престон Македонија 31

Мелбурн Виктори     31

Вестерн Јунајтед     29

Нанавадин Сити       21

Џилонг Македонија  20

Довтон                  18

Норт Саншајн Иглс   16

Бокс Хил Јунајтед     16

Спрингвале Вајт Иглс  12

Витлси Ранџес 5

Останати вести