Министерството за финансии пресметало дека најмалку А$8 милиони годишно ќе чини зголемувањето на платите на функционерите, пренесе телевизија “Сител“. Според висок извор од МФ, на кого се повикува телевизијата, покачување ќе добијат помеѓу 500 и 600 именувани функционери.
На 21 март Уставниот суд донесе одлука со која ги укина двата члена од Законот кои ја држеа основицата за пресметување на платите на функционерите на ниво од нешто над 26.000 денари (бруто). Според извори од Министерството, укинувањето на двата члена од Законот е практично усогласување со закон, бидејќи основицата 11 години била замрзната.
Со сегашната бруто-основица од над 46.000 денари (за просечна нето-плата од околу 32.000) најголемо покачување на платата ќе добијат претседателот на државата, претседателот на Собранието и премиерот и тоа од околу 70.000 денари. Нивниот коефициен за плата е 4.5 (просечната плата се множи со 4.5, плус се додава по 0.5% за секоја година работен стаж).
Платите на министрите ќе скокнат за околу 50.000 денари (нивниот коефициент е 3.7), а зголемување ќе добијат и пратениците кои од сегашните 60.000 денари ќе добиваат нето плата повисока од нешто над 100.000 денари.