На Германија до 2030 година ќе и недостигаат најмалку 180.000 вработени во медицинскиот сектор. Ова го покажува истражувањето на здравственото осигурување Бармер, кое беше претставено во Берлин.
„Германија се движи кон драматична ситуација кога станува збор за медицинскиот сектор“, изјави еден од директорите на Бармер, Кристоф Штрауб.
Околу шест милиони граѓани до 2030 година ќе бидат зависни од туѓа нега, што е за милион повеќе од досега бројка. Трошоците за нега може да се зголемат од сегашните 49 на 59 милијарди евра годишно.
На земјата и се неопходни 400.000 имигранти годишно за да успеат да одржат постојан број на луѓе вработени на пазарот на трудот.