Судијата Кристофер Бил ја осуди Патерсон на доживотен затвор без можност за условна слобода во период од 33 години во Врховниот суд на Викторија. Читајќи ја пресудата, Бил наведе „отежнувачки околности“, вклучувајќи го планирањето на труењето и „грубо изневерување на довербата“.
Поротата ја прогласи Патерсон за виновна во јули за тројно убиство и обид за убиство со отровни печуркишто ја сервирала со храната во јули 2023 година. Патерсон се изјасни за невина по обвиненијата и рече дека смртните случаи биле случајни.
Случајот предизвика големо внимание во Австралија и пошироко, бидејќи поттикна дебата за довербата во семејните односи и за тоа колку е тешко да се откријат труења со природни токсини.
Судијата подвлече дека тежината на злосторството бара максимална санкција:
„Вашите постапки покажаа свесна и ладнокрвна намера, со што се изгубени три животи и е нарушена една поширока заедница.“
Ерин Патерсон ќе остане во затвор најмалку 33 години пред воопшто да може да аплицира за условно ослободување.
„Тежината на вашето кривично дело ја оправдува максималната казна за вашите злосторства.“
Петерсон, 50, беше прогласена за виновна за убиствата на нејзината свекрва Гејл Патерсон, свекорот Доналд Патерсон и сестрата на Гејл, Хедер Вилкинсон, како и за обидот за убиство на Иан Вилкинсон, сопругот на Хедер.
Тројката почина во болница неколку дена откако ја изедоа питата. Иан Вилкинсон беше однесен во болница во критична состојба, но преживеал по трансплантација на црн дроб и месеци минати во болница.