Нема договор по која цена Македонија ќе ја купува струјата од Бугарија

Минатата недела најголемата термоцентрала во Бугарија продаде струја за периодот од 1 октомври до 31 декември по 430 евра за Мв/ч. Воедно за целата 2023 година објави тендер со цена од 380 евра по Мв/ч. Отприлика тоа се цените што ги нудат Бугарите

Уште нема договор околу цената по која Македонија ќе ја купува струјата од Бугарија во престојниот период. Во Софија се одржа првата средба меѓу двете државни работни групи  на кои треба да се прецизираат деталите околу цената по мегават час како и трошоците на транспортот на базната струја односно евентуалниот закуп на прекугранични капацитети.

Проблемот со цената по која ќе се закупува струјата од Бугарија лежи во фактот што Бугарија е членка на ЕУ каде важат стриктни регулативи за продажба на електрична енергија на слобдниот пазар.

Според најавите македонската страна очекува да издејствува цена пониска за најмалку 15 отсто од онаа во моментот на берзата. И ќе замоли да не плаќа транспортни трошоци односно мрежарина.

Договорот за помош со електрична енергија начелно беше постигнат на 5 септември на средбата меѓу премиерот Ковачевски и неговиот бугарски колега Донев во Софија. Беше соопштено дека станува збор за колучина меѓу 4 и 5 гигавати струја дневно но и помош при транспорт на гас и складирање во постоечките капацитети во Бугарија. Немаше други детали.

За електричната енергија која што ќе биде испорачана од Бугарија веќе има побарувања од бизис заедницата и јавните претпријатија во Македонија.

Се постигна договор и со Грција за непречено снабдување со неопходните енергенси за производство на електрична енергија – јаглен, лигнит и мазут, повторно на средба на премиерско ниво, Ковачевски – Мицотакис. Клучно е што и доколку во Грција се донесе евентуална забрана за извоз на овие енергенси таа нема да важи за Македонија.

Останати вести