Несреќа на Кралското шоу во Мелбурн

Девојка прегазена на ролекостерот

Во неделата околу 17:45 часот Шајла Роден (26), доживеа тешка несреќа во забавниот парк на Melbourne Royal Show. Шајла, која работела дента на тезга на Кралското шоу во Мелбурн, земала пауза и пошла да се вози на тобоганот со пријателка при што и паднал мобилниот телефон. Откако се симнала се упатила на местото каде и паднал телефонот за да го земе. Застанала на шините и при тоа ја удрил вагон од ролеркостерот, кој патувал со 70 км/ч и прво ја влечел до висина од 9 метри пред да падне на земјата.

Болничарите веднаш и укажале прва помош пред да ја префрлат во болница каде и натаму се наоѓа во критична состојба со повреди на мозокот, скршени раце, нозе, ребра и карлица.

Трагедијата доаѓа помалку од два месеци откако семејството Роден го загубило братот на Шајла, Џејсон.

Останати вести