Натпреварите помеѓу овие два големи ривала секогаш се интересни, возбудливи и неизвесни.
Одлучувачки момент на овој натпревар беше во 30-тата минута кога судијата Јома (поради фаул) го исклучи голманот на Маркони, Ненад Векиќ.
И со играч помалку, Маркони створи неколку шанси за гол меѓутоа искусниот Нечевски не дозволи да биде совладан.
Во 45-та минута “ладен туш” за домашните бидејќи Џек Армсон со силен удар ја затресе мрежата на резервниот голман, Дион Шав.
Во второто полувреме како одминуваше времето фудбалерите на Маркони стануваа се понервозни бидејќи натпреварот беше од голема важност.
Во последните дестина минути домашните имаа неколку шанси да го изедначат резултатот, а во тоа не успеаја бидејќи Нечевски просто беше несовладлив.
Во недела, 14 август, во полуфинале ќе играат Блектаун Сити и АПИА Лејкард на Спортскиот центар Блектаун Сити во Севен Хилс со почеток во 16:00 часот.
К.М.