„Не“ за задолжителна вакцинација

Групата „Милиони маршираат против задолжителната вакцинација“ организира неуморно протести во 30 градови и населени места ширум Австралија. Десетици илјади луѓе повторно се собраа во Сиднеј и Мелбурн, протестирајќи против задолжителната вакцинација и рестриктивните мерки. Во центарот на Мелбурн, илјадници демонстранти маршираа низ улиците да го изразат своето незадоволство од политиката на владата на Викторија и Законот за јавно здравје. Како и на претходните протести, така и овојпат забележан е голем број полицајци, но не дојде до судир меѓу демонстрантите и силите за јавен ред. Според полицијата, во градот имаше десетина илјади демонстранти, но поддржувачите на ова движење на социјалните мрежи тврдат дека бројката била многу поголема.

Многу демонстранти изјавија дека останале без работа поради политиката на задолжителна вакцинација, додека имаше и демонстранти кои ја изразиле својата загриженост за безбедноста на вакцините.

Четврта недела по ред десетици илјади демонстранти, кои се против задолжителната вакцинација, се собраа во Хајд Парк во Сиднеј. Демонстрантите носеа плакати на кои пишуваше „За слобода не е потребен пасош“, „Не за задолжителна вакцинација“ и „Лажни вести, каде сте?“

Меѓу говорниците на собирот беше и поранешниот член на либералите, сојузниот пратеник Крег Кели, кој планира да се кандидира на следните избори како член на партијата Обединета Австралија на Клајв Палмер.

Кели го критикуваше одговорот на владите на Нов Јужен Велс, Викторија и Квинсленд на пандемијата предизвикана од коронавирусот и рече дека прајминистерот Скот Морисон може да ги одземе пасошите за вакцина во Парламентот следната недела, доколку сака. Но, како што изјави Кели, тој и понатаму не го прави тоа.

 „По претстојните избори, прва задача ќе биде засекогаш да се укинат пасошите за вакцинација во оваа земја“ – истакна Кели.

Протести се одржаа и во Аделаид, Дарвин, Алис Спрингс, Перт, Канбера, Њукасл, Балини, Инверел, Тамворт, Вога Вог, Бармегуи, Лонсестон, Тасманија, Банбури, Албани, Есперанс, Калгурли, Џералдтон, Канавен, Порд Хедаланд, Брум и Кананари. И покрај тоа што минатиот викенд немаше собирања во Бризбејн, се одржаа неколку помали собири во регионалните градови во Квинсленд. Голем број луѓе се собраа во Голд Коуст и Макај, каде им се обратија федералните пратеници на партијата One NationПолин Хансон, Малколм Робертс и претставникот на државниот парламент Стивен Ендрју. На север исто така се одржаат помали собири, а сите протестираа против одлуката на државната влада од 17 декември да им се забранува на невакцинираните граѓани да влезат на многу места низ земјата. Инаку, на демонстрантите во Квинсленд им беше кажано дека ќе се соочат со казна од $4.000 доколку намерно ги прекршат директивите на главниот здравствен службеник.

Останати вести