„Ние Македонците Трамп си го сакаме!“-популарен е повеќе од Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп е попопуларен од неговиот руски колега Владимир Путин во Македонија, покажува најновото глобално истражување на Gallup International Association (GIA), кое опфати испитаници од 58 земји.

Трамп во Македонија го подржуваат 48% од граѓаните, а Путин 41%.

Во Босна и Херцеговина поголема подршка има Путин – 39%, а Трамп 33%.

Во Србија пак дури 67% од граѓаните имаат позитивно мислење за Путин, а за Трамп 26%.

Во Хрватска Путин има подршка од само 13% од граѓаните, а Трамп 23%.

Во Косово подршката за Трамп е дури 61%, а за Путин негативната перцепција е 85%.

Папата Лав останува најпопуларниот светски лидер со висок позитивен рејтинг низ целиот свет.

Останати вести