Ниту еден италијански клуб се уште не е елиминиран од европските купови!

Можеби звучи неверојатно, но италијанските фдубалски клубови оваа година имаат одлична промоција во европските купови. Имено, по минатонеделните натпревари од плеј-оф рундата во Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА, сите италијански клубови продолжуваат со настапи во најсилните клупски натпреварувања на стариот континент.

Наполи, Интер, Милан, Јувентус, Фиорентина, Лацио и Рома се уште се дел од сите три УЕФА формати на клупски турнири. Наполи, Интер и Милан се борат за четвртфинале во Лигата на шампионите, додека Јувентус и Рома веќе се во осминафиналето на Лигата на Европа.

И Лацио и Фиорентина го потврдија своето учество во следната фаза од Конференциската лига.

Останати вести