НПЛ Нов Јужен Велс – 14. коло, Рокдејл Илинден – Сиднеј 3:0

Рокдејл Илинден продолжува со добрите настапи во Националната Премиер лига на НЈВ, откако на домашен терен славеше убедлива победа од 3:0 против Сиднеј.

„Комитите“ уште во првото полувреме ја обезбедија победата со одлична и доминантна игра. Резултатот беше отворен во 21. минута кога Локлан Грифитс со прецизен удар со глава ја затресе мрежата по прекин изведен од Чолакијан. Само шест минути подоцна Џорџо Сперанца зголеми на 2:0, реализирајќи сигурно со по брза акција.

Третиот погодок беше автогол пристигнат непосредно пред паузата, кога по опасниот корнер на Наџар топката директно заврши во мрежата на Сиднеј, за комплетна доминација на Рокдејл Илинден во првите 45 минути.

Во второто полувреме гостите се обидоа да се вратат во игра, но организираната и дисциплинирана одбрана на Рокдејл Илинден успешно ги неутрализираше сите закани и рутински ја зачува високата предност до крајот на натпреварот.

Со оваа победа Рокдејл Илинден се искачи на четвртото место на табелата.

Во следното коло, в сабота на 16 мај, Рокдејл Илинден ќе гостува кај УНЈВ со почеток во 15 часот.

ТАБЕЛА
АПИА Леикард 35
Маркони Сталионс 34
Сиднеј Јунајтед 34
Рокдаел Илинден 25
Волонгонг Вулвс 25
НЈВ Спирит 21
Сиднеј 18
В.С. Вонддерерс 17
Сатерлан Шаркс 16
Сент Џорџ Саинтс 16
Манли Јунајтед 15
СД Раидерс 15
УНЈВ 13
Блектаун Сити 13
Сент Џорџ Сити 13
Сиднеј Олимпик 7

Останати вести