НПЛ Нов Јужен Велс – 8. Коло, Рокдејл Илинден – Сент Џорџ Саинтс 3:0

Во локалното дерби “комитите“ остварија убедлива победа над Сент Џорџ, во натпревар што беше решен по исклучувањето кое целосно ја смени динамиката на теренот.

Домашниот состав започна цврсто, но дуелот долго време беше израмнет, со двете екипи внимателни во пристапот и без многу чисти шанси. Сепак, клучниот момент се случи кога гостите останаа со играч помалку во 25 минута по директен црвен картон – ситуација што практично го реши натпреварот.

Со бројната предност Рокдејл ја презеде контролата и постепено го зголемуваше притисокот. Нападите стануваа сè поопасни, а одбраната на Сент Џорџ не успеваше да одговори на темпото. „Комитите“ тоа го искористија максимално, постигнувајќи голови  преку: Оли Вигин 30’, Муди Наџар 42’ и Матје Кордие во 45 минута.

Овој резултат го потврдува добриот меѓусебен биланс на Рокдејл, кој има серија позитивни резултати против својот ривал во последните сезони. 

Победата значи важни бодови за Рокдејл во борбата за врвот, додека Сент Џорџ ќе мора брзо да се консолидира по поразот што во голема мера беше условен од дисциплинската грешка.

Во сабота, на 18 април, Рокдејл Илинден игра во гости кај Сатерланд со почеток во 16 часот.

ТАБЕЛА
Сиднеј Јунајтед 24
АПИА Леикард 22
Маркони Сталионс 19
Рокдејл Илинден 18
Сент Џорџ Саинтс 16
НЈВ Спирит 16
Волонгонг Вулвс 14
В.С. Вонддерерс 12
Сатерлан Шаркс 12
Сиднеј 10
Сент Џорџ Сити 9
УНЈВ 8
СД Раидерс 8
Манли Јунајтед 6
Блектаун Сити 5
Сиднеј Олимпик 4

Останати вести