Американските и украинските разузнавачи дадоа речиси идентични проценки за тоа како Русија има намера да го освои Киев и да ја „обезглави“ окупираната Украина.
Според извештаите од теренот се проценува дека првата цел на Русија е да го освои главниот град на Украина со оклопни сили, каде се наоѓа и претседателот Володимир Зеленски, кој повеќе пати изјави дека нема да бега од Киев.
Американските разузнавачки служби предупредуваат на планот на Русија за „обезглавување на украинските власти“.
Според нивните анализи, откако градот ќе биде опколен, американските разузнавачи веруваат дека планот е руските специјални сили да го преземат аеродромот со молскавична акција, веројатно Сикорски или Бориспол, кои потоа би се користеле како место за полетување и за слетување на руските воени авиони кои превезуваат 10.000 падобранци.да го нападнат и окупираат главниот град Киев.
Главната задача на падобранските единици би била да го пронајдат претседателот Зеленски, министрите и парламентарците по влегувањето во градот и да ги принудат да потпишат мировен договор со кој контролата над земјата ќе и ја предаде на Москва или марионетски режим што Москва ќе го инсталира и поддржи во Киев.
Како што се наведува, тоа всушност би бил крај на војната, без потреба копнените сили на рускиот претседател Владимир Путин да бидат принудени на тешки и крвави битки за воено да ја освојат секоја педа од земјата.
Според проценките на американските служби, Русите за малку ќе го реализирале планот на првиот ден од инвазијата, кога со 20 јуришни хеликоптери слетале група војници на аеродромот Антонов, недалеку од Киев, но украинските воени сили го попречиле спроведување на тој план.
Понатаму, се верува дека рускиот напад врз главниот град веројатно би бил координиран со спречувањето на војниците од јужниот и источниот фронт, Крим и Донбас, со цел блокирање на украинските вооружени сили, за да не можат да се повлечат и да ја зајакнат одбрана на градот.
Маневрите, исто така, би можеле да бидат проследени со бомбардирања и диверзантски акции насочени кон електричните мрежи и инфраструктурата за да се шири паника и да се принудат жителите да бегаат, отсекувајќи ги сообраќајните правци и отежнувајќи го движењето на украинските сили кои веќе се во Киев.
Во исто време, според Би-Би-Си, извор од украинската разузнавачка агенција исто така јасно го опишал рускиот план да го заземе главниот град, а подоцна и државата, во пет чекори.
(“Слободен печат“)
