По повод празникот на Светите Кирил и Методиј, отец Гаврил (Галев), игумен на манастирот „Св. Климент Охридски“ во Кинг Лејк, одржа едукативна средба со учениците од Македонската двојазична програма при Lalor North Primary School во Мелбурн.Предавањето беше посветено на животот и делото на сесловенските просветители, создавањето на глаголицата и значењето на словенската писменост, јазик и духовна култура.

Отец Гаврил ја истакна нивната улога во ширењето на христијанството и важноста од зачувувањето на македонскиот јазик, верата и традицијата кај младите генерации.Учениците со големо внимание го проследија предавањето, кое претставуваше значајна можност за запознавање со богатото духовно и културно наследство на македонскиот народ.
На средбата беше изразена и подготвеност за продолжување на соработката преку нови образовни и културни активности.Lalor North Primary School е едно од ретките училишта надвор од Македонија каде македонскиот јазик се изучува како дел од редовната настава. Двојазичната програма, која функционира од 1984 година, опфаќа околу 150 ученици од прво до шесто одделение и претставува значаен пример за зачувување на македонскиот јазик