Пендаровски: Македонија сама не може да детектира дрон и да го урне, нашето небо го чуваат другите држави

За падот на дронот од Украина во Хрватска се води истрага и во НАТО (во Шпанија се испитуваат остатоците), настрана од кривичната која се води во Хрватска, изјави македонскиот претседател Стево Пендаровски. Тој додава дека „неспорно е оти е леталото е дојдено од Украина, но не знаеме кој точно тоа го испукал, со оглед на тоа што во моментов не знаеме кој е господар во Украина. НАТО внимава многу за да не влезе во овој судир за да не се соочи во конфликт со Русија“.

За дронот пшто падна во Загреб вели дека тој е помал од малите авиони, има мала рефлексија на радарите и лета ниско. Македонија има системи, сепак тие не се доволни, а нашето небо го обезбедуваат други држави кои имаат подобри системи, вели Пендаровски.

– Македонија сама не може да детектира таков дрон и не би можеле да го срушиме на време, сепак во вакви судири каде голема земја напаѓа исто така голема територија како Украина можни се намерни и ненамерни случаи, вели претседателот Пендаровски.

За жал прецизно како што ја предвидоа војната, американските разузнавачки служби немаат јасен податок кога ќе заврши. Можно е наскоро Русија да нападне одеднаш неколку градови и да се примени сценариото на Алепо во Сирија, или на Грозни во Чеченија, што значи да се срамнат со земја со стотици илјади жртви. Тоа е сценарио кое никој не го сака.

– Според мене очигледно е дека врз рускиот претседател Путин никој нема контрола. Мала надеж ми дава иницијативата на израелскиот премиер Нафтали Бенет, кој отиде во Москва и иако информациите што ни ги дадоа се „шкрти“ сепак има најава дека е можно да се промени нешто, вели Пендаровски, но никој не може да влезе во главата на Путин.

Америка на 5 ноември ни кажа дека Русија планира да ја нападне Украина

Американските разузнавачи ни ја дадоа информацијата дека Русија ќе ја нападне Украина, вели претседателот Пендаровски за “Телма“.

– Тоа беше на 5 ноември, јас ја добив информацијата, а ја доби и тогашниот премиер Заев. Ја споделивме веднаш со институциите кои се под нас. Тоа беше на ниво на информација. Следниот месец големите медиумски сервиси не веруваа во тоа, но кон крајот на декември НАТО и ЕУ потврдија дека информацијата е точна. Без паника на населението, ние се апдејтиравме во армијата, а ресурсите на разузнавачката служба беа насочени кон истокот за од таму да добиеме некаква информација. Во делот на стоковите резерви ние не чекавме 24 февруари, туку обезбедивме до грам се што треба, кажа претседателот.

Македонското МНР на 11 февруари ги повика своите државјани да ја напуштат Украина. Нападот се случи на 24 февруари.

Останати вести