Басистот на групата „Меморија“, Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа, официјално доби поддршка од Левица и тој ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори.
Информацијата на Фејсбук ја објави лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Конечно, се разбравме. ОДИМЕ!“, напиша Апасиев, објавувајќи селфи со кандидатот за градоначалник.
Петар Георгиевски инаку е педантен и прецизен аналитичар па вели:
– Според неколку анкети скоро во сите општини со мнозинско македонско население разликата помеѓу мене и Петре Шилегов е речиси дупла во моја корист, но во немакедонското население скоро во целост односно 93% оди во корист на Петре Шилегов. Но за мене најшокантно е што во анкетите што се направени, оние деца кои се родени во независна Македонија, кои од прилика имаат од 18 до 30 години мене ме познаваат само 13% а Шилегов 65% ?!?! Обично не се откажувам така лесно и направив едно мало истражување, да видам каде можам да најдам начин, да ме запознаат поголем дел од триесет годишњаците кои го познаваат Петре Шилегов повеќе од мене ?! Испадна дека единствена политичка партија чие гласачко тело ги има токму овие гласачи, е Левица. Со нивна поддршка како независен кандидат, шансите драматично се зголемуваат да се анулира разликата или со други зборови, победата е речиси блиску.