Петмина починати во НЈВ и се повеќе заразени

И покрај шест недели карантин властите ги предупредија жителите на Сиднеј да се подготват за ново зголемување на случаите на ковид-19, откако со денови по ред се забележуваат рекорден број на заразени.

Врз основа на трендот и она што се случува во последните неколку дена, очекувам повеќе случаи во наредниот период и само сакам сите да бидете подготвени за тоа, рече премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан.

Сиднеј пријави рекордни 319 случаи на ковид-19 во сабота, во однос на претходниот рекорд од 291 еден ден претходно, во Нов Јужен Велс има  345 луѓе во болница, од кои 56 се на интензивна нега.

„Четворица од петте починати не биле вакцинирани, додека едниот ја примил првата доза“, соопштија здравствените власти во австралиската држава Нов Јужен Велс.

Властите во Сиднеј соопштија за најлошиот ден од пандемијата на ковид-19, со пет смртни случаи за 24 часа и рекордно зголемување на локалните инфекции, во време кога градот е во карантин шест недели како мерка за борба против позаразната Делта варијанта на вирусот.

„Четворица од петте починати не биле вакцинирани, додека едниот ја примил првата доза“, соопштија здравствените власти во  Нов Јужен Велс.

– Ве молам, сега е време да размислите одлучно за вакцинацијата, а тоа првенствено се однесува на постарите лица кои не се имунизирани – рече Кери Чент, највисокиот здравствен службеник во Нов Јужен Велс.

Властите, исто така, наредија еднонеделно затворање во регионот на Њукасл, откако се пријавени случаи на зараза и пронајдени траги од вирусот во канализацијата.

Премиерката Гледис Береџиклијан ја поврза стапката на вакцинација со ублажувањето на ограничувањата, поставувајќи цел од шест милиони дози до крајот на август, што ќе опфати над 70 проценти од возрасната популација на НЈВ, која досега примила околу четири милиони вакцини.

 Она што го гледаме и што навистина ја поддржува употребата на двете вакцини што ги имаме во Австралија е дека дозите на “Pfizer“ и “AstraZeneca“ се многу ефикасни во намалувањето на последиците од тешки заболувања после двете дози, рече Џоди МекВернон, професор на Институтот Дохерти. Со “Фајзер“ намалувањето на хоспитализацијата е 87 проценти, приемот на интензивна нега 87 проценти, а смртноста е намалена за 92 проценти. Со “АстраЗенека“ соодветните бројки се 86, 86 и 90.

Останати вести