ПМФЛ, 5 коло: Шкендија се спаси во Битола, Брегалница ја совлада Академија Пандев

Со комплетирањето на петтото коло во македонскиот фудбалски шампионат на чело на табелата дојде нов лидер на табелата – Шкупи на чело со тренерот Гоце Седлоски. Скопскиот тим го презема приматот на Академија Пандев која  за првпат загуби во новата натпреварувачка сезона, додека чаирчани на домашен терен беа поуспешни од Скопје со убедливи 4:1.

Од натпреварите во главниот град, навистина возбудливо беше во Ѓорче Петров каде Македонија го победи Борец со 3:2, натпревар на кој сите пет гола беа постигнати од двајца играчи. Адем со хет-трик го урна Борец и се погрижи за победа од 3:2, учинок со кој ги неутрализираше двата погодоци на Трајкоски.

Академија Пандев поведе на гостувањето во Штип кај Брегалница со 0:1 во првиот дел, но во второто полувреме се случи комплетен пресврт. Ескиќ израмни на 1:1, „пандевци“ се вратија во водство со голот на Мирчевски, но Ѓокиќ и Алтипармаковски со гол во 93-та минута ги шокираа гостите од Струмица за славје од 3:2.

Шкупи на домашен терен беше сигурен против Скопје и победи со 4:1 за прво место на табелата, додека нов кикс забележа Шкендија која не победи и одигра 2:2 против Пелистер.

Ренова и Работнички одиграа без победник, 1:1. На дуелот кој стартуваше со половина час задоцнување поради проблеми на „романтичарите“ со автобусот при доаѓањето од Скопје до Тетово, први поведоа домашните со голот на Ремзифаик Селмани во 24. минута од средбата. Бодот за Работнички го донесе Марио Станковски со погодокот од пенал во 35. минута од натпреварот.

Останати вести