Македонија ЃП, Тиквеш, Воска Спорт и Шкупи се полуфиналисти во Купот на Македонија, откако по четвртфиналните пресметки славеа победи.
Воска Спорт за првпат во својата клупска историја е полуфиналист во куп натпреварувањето. Со 1:0 триумфираше над Брегалница на теренот во Штип со погодокот на Јашаровски во 71 минута.
Со истиот резултат играчите на Македонија Ѓорче Петров го елиминираа Силекс, а победата ја донесе Алији во 66 минута.
Во третиот дуел по регуларните минути беше 1:1 меѓу Тиквеш и струмичка Брера. Победникот го одлучуваа пеналите во кои клубот од Кавадарци славеше со 6:5.
Мечот помеѓу Работнички и Шкупи се одигра ден подоцна од другите четвртфинални средби поради лошата состојба на теренот во Маџари. Беше презакажан на еден од терените во тренинг центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ. На крајот резултатот беше 0:1 за Шкупи.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 15. минута кога победничкиот погодок за чаирчани го постигна Марио Младеновски, кој по еден корнер најдобро се снајде во шеснаесетникот на „романтичарите“.
Судиската комисија при ФФМ дека на овој натпревар во 66 минута имаше погрешна проценка на главниот судија за недосуден пенал за Работнички при резултат 0:1.