Полициски летечки автомобил

На саемот за воздухопловство Avalon Air Show, кој  се одржуваше во Викторија, компанијата Pegasus го претстави својот концепт на првиот полициски летечки автомобил.

Австралиската старт-ап компанија основана пред десет години е специјализирана за производство на комерцијално исплатливи летечки автомобили за владата и полицијата, а нивниот нов проект може да вози по патишта, но и да лета како хеликоптер.

Иако  не ја објавија цената или конкретни информации за возењето, познато е дека овој модел на Pegasus ќе има електричен досег од 100 километри и дека ќе може да помине до три часа во воздух.

Останати вести