Полицијата ги разделуваше спротивставените демонстранти низ австралиските градови

Голем број на протести се одржаа викендов низ Австралија, насочени против корупцијата во владата, расизмот, за правата на домородните народи, додека други во знак на поддршка за Палестинците. Полицајците во овој хаос  беше принудена да ги разделуваат спротивставените демонстранти  низ главните градови на Австралија.

Во Мелбурн, илјадници луѓе излегоа на улиците за да протестираат против расизмот под силно полициско обезбедување. Викториската полиција ги раздвои двете спротивставени групи во близина на Парламентот – од една десничарски поддржувачи и од друга – учесници на Маршот за суверенитет на домородните народи. Некои од демонстрантите против расизмот носеа палестински знамиња и транспаренти со пораки како „Мир за Газа“, изразувајќи солидарност со Палестинците.

Илјадници луѓе маршираа и низ Сиднеј, во рамки на протестот наречен „Австралија се обединува против корупцијата во владата“.

Околу 500 луѓе протестираа против расизмот и дискриминацијата во Бризбејн,  каде што исто така се слушаа пропалестински пароли.

Демонстранти се собраа и во Тасманија, пред Парламентот во Хобарт,  на протест за суверенитет на домородните народи, носејќи абориџински знамиња и транспаренти. Додека во Аделаид,  протестираа против расизмот, додека поголема група маршираше против корупцијата во владата. Протестите следуваа по нападот на домородниот камп „Камп Сувереност“ во Мелбурн на 31 август, кога над 40 мажи облечени во црно го нападнаа кампот по антиимиграцискиот собир „Марш за Австралија“. 

Останати вести