Почетокот на предизборната кампања за лабуристите

Лидерот на федералната опозиција, Ентони Албанезе го објави својот план од 600 милиони долари за намалување на емисиите на јаглерод во Австралија за 43 отсто до 2030 година. Во неговата програма наречена Rewiring the Nation тој сака да потроши 20 милијарди долари, и има за цел да ја надгради електричната мрежа и да поттикне повеќе генерирање од сончева и ветерна енергија, произведувајќи чиста енергија. Неговата долгоочекувана климатска политика е малку помала од целта од 45 проценти што лабуристите ја презедоа на последните избори – политика што Албанезе ја означи како „грешка“ од која изгубија. Сега лидерот на опозицијата тврди дека со тоа ќе создаде над 600.000 работни места и ќе ги намали сметките за струја во домаќинствата за 275 долари годишно до 2025 година.

„Со овој план ќе обезбедиме ниту еден бизнис или работник да не заостане. Австралија може да го заземе своето место во светот како велесила за обновлива енергија“.

Според доброволната шема се обезбедуваат стимулации за организациите кои ги намалуваат емисиите на јаглерод. Преку јаглеродна кредитна единица што се заработува за секој тон складиран или избегнато испуштање на јаглерод диоксид.

Учесниците можат да ја продадат оваа јаглеродна единица на владата или на секундарен пазар на други емитери за да го намалат нивниот јаглероден отпечаток. Ова беше означено од министерот за енергетика Ангус Тејлор како невидлив данок на јаглерод. Тековната цел на владата на Морисон за 2030 година е намалување од 25 до 30 отсто на нивото од 2005 година. Но, прајминистерот Морисон инсистира дека Австралија е на пат да ја подобри таа бројка и да ги намали емисиите до 35 отсто.

Прајминистерот рече дека политиката на Албанезе е „небезбедна“ и дека ќе остави многу луѓе без работа.

„Целта од 43 проценти не е безбедна за нашите производители. Не е безбедно за работните места“, рече тој.

Лабуристите не научија ништо од последните избори…затоа се опозиционери но не учат во опозиција, тие се исто толку опасни како и тогаш за Австралија.

Албанезе рече дека неговиот план е во согласност со барањата од земјите на климатскиот самит CОР26 во Глазгов, за Австралија да го намали своето загадување.

„Ова е план за Австралија кој потврдува што сака бизнисот. Тоа е план што препознава што светската економија бара“, рече тој.

Останати вести