По тенковите и “сухоите“ Македонија ќе и ги подари и хеликоптерите „Ми-24“ на Украина?

Од македонското Министерство за одбрана засега ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат информацијата која што ја објави порталот “МКД.мк“ дека авионите кои што земјата за 4 милиони евра ги купи за време на конфликтот во Македонија во 2001 токму од Украина, веќе ги има испратено како воена помош за Киев на фронтот со Русија.

“Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки, не се нарушува борбената готовност на нашата Армија“ – рекоа од МО.

Остна нејасно кои се “трите“ одлуки? Ако едната е за 30-ина тенкови “Т-72“ а втората за четирите авиони “Су-25“, тогаш дали третата е за борбените хеликоптери “Ми-24“?

Македонија во 2001 година од Украина купи 12 борбени хеликоптери “Ми-24“ (наречени “летечки тенкови“) од кои неколку потоа ги модернизираше за ноќно летање преку израелската фирма “Елбит“.

Инаку деновиве, по објавувањето на фотографии од тенкови натоварени на камиони, Министерството за одбрана едноставно беше принудено да ја потврди информацијата за донацијата на тенкови на Украина. МО потврди дека снимките што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа транспорт на тенкови, се автентични и дека се работи за тенкови што Македонија ги испраќа како донација за Украина.

„Се работи за тенкови што се дел од тенковскиот баталјон на Армијата за кој е планирано да биде расформиран. Станува збор за трета генерација тенкови, кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа” – информираше Министерството за одбрана македонската јавност на 28 јули.

За време на конфликтот во Македонија, во јуни 2001 година Македонија купи и четири борбени авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пешадијата, а за време на конфликтот имаа неколку борбени летови како поддршка на копнените дејства на безбедносните македонски сили.

Во пролетта 2003 година македонското Министерство за одбрана декларира дека во формацискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони, а во 2004 година авионите беа приземјени, конзервирани и подготвени за продажба.

Во 2011 година во МО повторно почнало да се размислува за модернизирање на „сухоите“ според стандардите на НАТО, но и оваа идеја не се оствари.

За време на воениот конфликт во 2001 Македонија од Украина купи и четири хеликоптери „Ми-8“ како и 49 оклопни возила БТР.

Подарувањето на тешко вооружување на Украина е најверојатно во договор со САД, како што тоа го сторија Полска, Чешка, Словачка, Бугарија и други земји членки на НАТО – тие да го дадат застареното советско вооружување а за возврат да добијат ценовни попусти при набавка на ново вооружување од американско производство.

Авиони пративме.
Ами сега пилотиве останаа уште.

Останати вести