„Лавовите“ на Престон Македонија ги израдуваа верните навивачи со сигурна победа над подмладокот на Мелбурн Сити. Првото полувреме само што започна и се играше петтата минута кога Маркус Шроен ја затресе мрежата на домаќинот за 0:1. Со овој резултат и минимална предност се замина на одмор на крајот од првите 45 минути игра.
Во второто полувреме Арон Андерсон имаше лесна задача во 56 минута да зголеми на 0:2. Сеуште не беа соземени фудбалерите на Мелбурн Сити а Чок Дау во 61 минута после еден брз контранапад го постави конечниот резултат од 0:3.
Во петок, на 26 април, Престон Македонија ја пречекува екипата на Вереби Сити со почеток во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Мелбурн Виктори 26
Норткот Сити 19
Престон Македонија 18
Лангварин 17
Вестерн Јунајтед 16
Брансвик Сити 16
Булин Лајонс 15
Кинстон Сити 13
Бентли Гринс 13
Каролајн Спрингс 9
Истерн Лајонс 8
Мелбурн Сити 7
Вереби Сити 6
Норт Џилонг 1