Прва државна лига на Викторија, 11 коло, Престон Македонија – Вереби Сити 5:0

Минатиов петок, на стадионот на “лавовите”, буквално беше распарчен тимот на Вереби Сити и треба да е среќен што си замина само со пет голови во мрежата. Само што започна натпреварот Конор Бел во 4 минута со ефектен гол го отвори резултатот за 1:0. Истиот играч една минути подоцна повторно се запиша како стрелец за 2:0. Следеше еден опасен старт во 24 минута по кој судијата оправдано покажа на белата точка, а прецизен егзекутор на најстрогата казна беше Мат Вилан за 3:0. Пред крајот на првото полувреме повторно убава акција и шанса за Конор Бел, и многу среќа за гостите што остана резултатот непроменет.

Во второто полувреме, во 52 минута, по една одземена топка следеше соло акција на Весли Џобело кој ја круниса со силен удар што силно ја затресе мрежата за 4:0. Конечниот резултат го постави Вил Бејнам во 64 минута за 5:0. После тоа затресе стативата и повторно среќа за гостите што си заминаа само со пет од посетата на Престон Македонија. Со ваква игра Вереби Сити може уште сега да планира за испаѓање од лигата.

Во понеделник, на 6 мај, Престон Македонија гостува кај Брансвик Сити со почеток во 20:30 часот.

ТАБЕЛА

Мелбурн Виктори 29
Норткот Сити 22
Престон Македонија 21
Бентли Гринс 19
Лангварин 17
Вестерн Јунајтед 16
Брансвик Сити 16
Булин Лајонс 16
Кингстон Сити 14
Каролајн Спрингс 9
Истерн Лајонс 8
Мелбурн Сити 7
Вереби Сити 6
Норт Џилонг 1

Останати вести