Сигурна победа над секогаш незгодниот тим на Банјул и освоени се нови три бода. Стрелец на двата гола беше Џеј Харт во 26 и 38 минута. Сиднам Парк Македонија е на второто место и заостанува со шест бодови зад Алтона Сити која има 47 поени. До крај на првенството остануваат уште две кола и нема никаква шанса да се променат местата бидејќи Алтона Сити има и еден натпревар помалку .
Во сабота, на 12 август, Сиднам Парк ја пречекува екипата на Стратмор со почеток во 15 часот.