Уверлива победа на Сиднам Парк Македонија пред домашната публика. Резултатот го отвори во 9 минута Теодор Арести кој постинга автогол за водство на нашиот Сиднам Парк. Десет минути подоцна Оскар Томсон зголеми на 2:0. Гостите на средина од првиот дел намалија со гол на Луис Коварубиас за 2:1.
Во второто полувреме Кристофер Давис во 68 минута зголеми на 3:1. Малку по тоа, во 73 минута, Томсон вторпат ја тресеше мрежата за високи 4:1. Длабоко во судиското продолжение во 96 минута конечниот резултат го постави Коваруниас за 4:2.
Во сабота, на 1 април, Сиднам Парк ја пречекува екипата на Кило Парк со почеток во 15 часот.