Минимален пораз на Сиднам Парк пред домашната публика, а изгледаше надежно на почетокот. После 15 минути игра беше досуден пенал преку кој Барбор Сем го донесе Сиднам Парк Македонија до водство од 1:0. Но радоста кратко траеше и во 17 минута Даниел Куцинзки изедначи на 1:1. Со овој резултат се замина на одмор.
Во второто полувреме гостите успеаја да дојдат до водство во 77 минута преку Џејсон Харт. Во нервозната завршница, Барбор Сем, кој беше стрелецот на единствениот гол, доби црвен картон и го остави тимот со играч помалку. На оваа средба беа доделени дури девет жолти картони од кои пет доби гостинскиот тим.
Во петок, на 15 април, Сиднам Парк Македонија гостува кај Есендон Ројалс со почеток во 18 часот.