Прва државна лига на Викторија, 8 коло, Алтона Сити – Сиднам Парк Македонија 1:2

Со по еден гол во двете полувремиња беше сосема доволно за освојување на трите бода на гостувањето кај Алтона Сити. Во 24 минута Ноам Колакофски го отвори резултатот со првото водство на Сиднам Парк за 0:1. Со овој резултат се замина на одмор после 45 минути игра.

Во вториот дел домаќинот успеа да изедначи во 65 минута преку Џарами Радио на 1:1. Решавачки на крајот беше погодокот на Зак Лисолајски во 85 минута за конечните 1:2.

Сега Сиднам Парк е на четвртото место со 12 бодови и своевиден тест ќе имаат фудбалерите следново коло бидејќи Бримбанк Сталионс се на третата позиција. Дента и резервите славеа победа од 1:3 со головите на: М. Бенџамин, Р. Нагор и Ј. Чурчија.

Во сабота, на 14 мај, Сиднам Парк Македонија ја пречекува екипата на Бримбанк Сталионс со почеток во 15 часот.

Останати вести