Прва лига на Нов Јужен Велс – 27. коло, Хилс Јунајтед– Сиднеј Македонија 2:2

Сиднеј Македонија освои бод на гостувањето кај Хилс Јунајтед, играјќи нерешено 2:2 во натпревар во кој двете екипи имаа свои периоди на доминација и водство, но не успеаја да ја задржат предноста. Со оглед на случувањата на теренот, поделбата на бодовите е најреален епилог.

Домаќините први поведоа во 58. минута, кога Џордан Смол ја затресе мрежата за 1:0. Сиднеј Македонија возврати во 70. минута преку Алекс Урошевски, кој со прецизен удар го израмни резултатот на 1:1. Само пет минути подоцна, Урошевски повторно беше прецизен, овојпат од белата точка, носејќи им водство на “лавовите” од 2:1.

Сепак, Хилс Јунајтед не се предаде. Во 84. минута Џес Мајкл постигна гол за конечните 2:2.

До крајот на сезоната остануваат уште четири кола, а трката за второто место, што носи промоција, станува сè понеизвесна. Второпласираниот Нордерн Тајгерс има 49 бодови, два повеќе од Сиднеј Македонија, која останува на 47.

Во следното коло, во сабота, на 8 август, Сиднеј Македонија на домашен терен ќе ја пречека екипата на Хрствил Загреб. Натпреварот започнува во 17 часот.

ТАБЕЛА
Блектаун Спартанс 59
Нордерн Тајгерс 49
Сиднеј Македонија 47
Макартур Рамс 45
Кантербури Бенкстаун 42
Ридалмер Лајонс 38
Хилс Јунајтед 37
Хакоа Сиднеј 36
Булс Академи 36
Хрствил Загреб 33
Централ Кост Маринерс 28
Њукастел Џетс 27
Дулвич Хил 27
Интер Лајонс 27
Проспект Јунајтед 19
Вестерн Сити Ранџерс 19

Останати вести