Повторно пораз за Сиднеј Македонија пред домашната публика. Одбраната на тимот сè уште не функционира како што треба, што се покажа со примањето на три гола на овој натпревар. По две одиграни кола, тимот веќе има примено осум гола и бележи негативна гол-разлика од -3.
Звучните засилувања кои пристигнаа од Рокдаел Илинден со надеж дека оваа сезона ќе се обезбеди промоција, засега не успеваат да го покажат својот квалитет. Проблемот е јасен – одбраната функционира како „швајцарско сирење“ и не ги одбива нападите на противникот.
Следниот предизвик за Сиднеј Македонија е гостување кај Нордерн Тајгерс, во сабота, на 21 февруари, со почеток во 19:00 часот.
Фановите се повикани да го следат натпреварот и да го поддржат тимот во обидот за првата победа оваа сезона.