Прва лига на НЈВ – 7. коло, Дулвич Хил – Сиднеј Македонија 0:1

Сиднеј Македонија продолжува со одличната форма, откако на гостински терен славеше минимална, но значајна победа од 1:0 против Дулвич Хил. Натпреварот беше израмнет и борбен, со мал број шанси, но фудбалерите на Сиднеј Македонија покажаа поголема присебност во клучните моменти.

Одлучувачкиот момент се случи во 76 минута, кога по игра со рака во шеснаесетникот беше досуден пенал за Сиднеј Македонија. Од белата точка сигурен беше Баи Антониу, кој прецизно реализираше и го постави конечниот резултат.

Ова е четврта победа со ред за Сиднеј Македонија, со што тимот се искачи на петтото место на табелата со 12 освоени бода, израмнувајќи се со четвртопласираниот Булс Академи.

Во следното коло в сабота, на 28 март, Сиднеј Македонија на домашен терен ќе ја пречека екипата на Макартур Рамс, со почеток во 18:00 часот.

Останати вести