Од оваа седмица започнува новиот Австралискиот шампионат, во кој ќе имаме две екипи од Македонската заедница, Престон Македонија и Бродмедоу Маџик.
Во Австралискиот шампионат се собираат 16 тима во динамичен формат, со осум фондациски клубови помеѓу кои е Престон Македонија и осум шампиони од Националните премиер лиги, меѓу нив е и нашата Бродмедоу Маџик. Овој иновативен формат ги поврзува државните лиги со патеката на формирање Б-лига, што ќе биде по A-лигата, помагајќи во обликувањето на националната фудбалска пирамида и нови можности за клубовите и играчите.
Престон Македонија првиот натпревар го игра в сабота, на 11 октомври, кога ја пречекува во Резерво екипата на НЈВ Спирит во 15 часот.
Во недела, на 12 октомври, Бродмедоу Маџик го пречекува Моретон Сити во 13 часот.
28 Oct 2026
26 Oct 2026