Значајна победа во последните моменти од средбата и укнижени се три бодови за одржување на чекор со лидерот. Средбата се играше на врнежливо време но тоа не ја намали огнената поддршка што публиката им ја даваше на фудбалерите. Солиден почеток и предност даде голот во 20 минута на французот Везли Џобело за 1:0. Радоста кратко траеше бидејќи Лук Ловтс во 23 минута искористи забуна помеѓу одбраната и голманот и постигна необичен гол за 1:1.
За другите голови се чекаше второто полувреме и 70 минута кога нововлезениот во игра Конор Бел, со извонредна завршница донесе нова предност за Престон од 2:1. Повторно ја расипа веселбата Ловтс во 82 минута постигнувајќи израмнувачки гол за 2:2.
Следеа нервозни моменти на врнежливото време и се редеа удари кон голот на Престон Македонија. Кога сите мислеа дека натпреварот ќе заврши нерешено, во судиското продолжение супер замената Матју Вилан со глава ја смести нафрлената топка од слободен удар во мрежата за конечните 3:2.
Овој вторник сите патишта ќе водат кон стадионот на Престон Македонија во Резерво, на елиминациониот натпревар за Купот на Австралија со стариот лут ривал Саут Мелбурн. Средбата започнува во 20:00 часот и се очекува голема поддршка од верните навивачи.
Следниот натпревар е следната седмица в понеделник, на 27 мај, Престон Македонија гостува кај Мелбурн Виктори со почеток во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Мелбурн Виктори 33
Престон Македонија 30
Норткот Сити 24
Вестерн Јунајтед 23
Бентли Гринс 23
Лангварин 21
Булин Лајонс 17
Брансвик Сити 16
Мелбурн Сити 16
Истерн Лајонс 15
Каролајн Спрингс 15
Кингстон Сити 14
Вереби Сити 11
Норт Џилонг 4