Премиер лига на Викторија, 20 коло, Престон Македонија – Истерн Лајонс 0:2

Седмица во која изненадија повеќето екипи и имаше доста неочекувани резултати. За  Престон Македонија среќа е што и Норткот Сити беше поразен од Норт Џилонг со 2:3, екипа која е последна и кандидат за испаѓање, а лидерот Мелбурн Виктори играше нерешено со Мелбурн Сити 3:3. На табелата Престон останува со изедначен број на бодови со Норткот Сити но со полоша разлика од 2 гола. На студеното време фудбалерите на сосема заслужено беа поразени од Истерн Лајонс екипа која е ахилова пета за Престон Македонија и против која досега никогаш нема забележано победа, само еднаш нерешен резултат.

Стрелец на головите беше Бен Девајн во 44 минута пред крај на првиот дел, и во 86 минута повторно се запиша како стрелец за конечните 0:2.

Во сабота, на 6 јули, Престон Македонија ја пречекува екипата на Норт Џилонг со почеток во 18 часот.

ТАБЕЛА

Мелбурн Виктори 42
Норткот Сити 38
Престон Македонија 38
Вестерн Јунајтед 37
Лангварин 31
Булин Лајонс 29
Мелбурн Сити 25
Бентли 25
Џорџ Крос 23
Истерн Лајонс 21
Брансвик Сити 20
Кингстон Сити 19
Вереби Сити 16
Норт Џилонг 14

Останати вести