Престон Македонија е подоготвенa и одбројувањето започна: Масо Kуп фестивалот 2026 ќе се одржи во Mелбурн

Одбројувањето до почетокот на Масо купот 2026 веќе започна – остануваат уште десет дена до официјалното отворање, кое ќе се одржи во петок,
23 јануари, додека завршната церемонија е закажана за недела, 25 јануари

Масо Куп фестивалот 2026 наскоро ќе се одржи во Мелбурн, Австралија, во периодот од петок, 23 јануари, до недела, 25 јануари 2026 година. Домаќин на овој тридневен фудбалски и културен настан ќе биде фудбалскиот клуб Престон Македонија, со што Мелбурн оваа година официјално ќе стане центар на македонскиот фудбал во Австралија.

Традиционално, Масо Купот ги обединува македонските фудбалски клубови од цела Австралија и претставува уникатна прослава на фудбалот, македонската култура, автентичната храна и заедништвото.

Организаторите најавуваат дека ќе има возбудливи фудбалски натпревари, богата понуда на македонска кујна, дружење, како и специјален натпревар на ол-стар легендите.

Македонскиот национален фудбалски куп – MASO CUP – започна да се одржува во 2008 година и денес претставува најголемиот собир на македонските фудбалски клубови во Австралија, со значајна улога во зачувувањето на националниот идентитет и спортскиот дух.

На годинашното издание ќе учествуваат поголемиот дел од македонските фудбалски клубови од цела Австралија. Досега своето учество го најавија: Јагуна Лајонс, Арнклиф Скотс, Шелхарбор, Алтона Меџик Вардар, Нобл Парк Македонија, Шепартон Македонија, Кејлор Волци, Пленти Вали Лерин, Саншајн Лајонс, Квинбијан Сити, Волонгонг Јунајтед, Крингила Лајонс, Лајло Слога, Сиднеј Парк, Џилонг Македонија, Рокдејл Илинден, Сиднеј Македонија и домаќинот Престон Македонија.

Натпревар на легендите

Посебен акцент ќе има натпреварот на легендите, на кој поранешни и легендарни фудбалери повторно ќе зачекорат на теренот, нудејќи вистински спектакл што љубителите на фудбалот не смеат да го пропуштат.

Во текот на трите дена, фестивалот ќе ги обедини клубовите, семејствата и македонската заедница од цела Австралија на стадионот „Џенис Стил“ во Резерво, Мелбурн, во атмосфера исполнета со спорт, дружење и заедништво.

Освојувачи на Масо Купот низ годините
2025 – Рокдејл Илинден
2024 – Бенкстаун Лајонс
2023 – Алтона М. Вардар
2021–2022 – не се одржа (поради пандемијата)
2020 – Рокдејл Илинден
2019 – Рокдејл Илинден
2018 – Бродмедоу Меџик
2017 – Рокдејл Илинден
2016 – Рокдејл Илинден
2015 – Рокдејл Илинден
2014 – Алтона М. Вардар
2013 – Рокдејл Илинден
2012 – Бенкстаун Лајонс
2011 – Рокдејл Илинден
2009 – Арнклиф Скотс
2008 – Алтона М. Вардар

Останати вести